Останати спортови Бенгалуру

Дејан Недев ќе одржи карате семинар во Индија

Дејан Недев во моментов е претседател и шеф инструктор на светската федерација ИТКФ основана во 1974 година од страна на легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама. Со почит МТКФ.

Дејан Недев ќе одржи карате семинар во Индија

Најдобриот македонски каратист на сите времиња, Дејан Недев на покана на Индиската федерација за традиционално карате ќе одржи карате семинар во Бенгалуру, Индија од 26 до 29 септември 2024 година.

На семинарот се очекува да земат учество голем број на каратисти од цела Индија. Недев на овој семинар ќе демонстрира голем број на кихон-техники, кати и бункај, кумите-техники, фукуго и енбу дисциплини кои се карактеристични и се практикуваат само на ИТКФ шампионатите во традиционално карате.

На крај од семинарот е предвидено и да се одржи полагање за мајсторски појаси.

Дејан Недев во моментов е претседател и шеф инструктор на светската федерација ИТКФ основана во 1974 година од страна на легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама. Со почит МТКФ.

To top