Останати спортови ОФМ

Дебитантот Газели Волеј со триумф над шампионот Јанта Волеј

Кај Газели Волеј капитенот Теа Терзиевска беше лидер со 15 поени, следена од Даниела Горбок и Мила Дикова со по 14 поени.

Дебитантот Газели Волеј со триумф над шампионот Јанта Волеј

Дебитантот во Првата лига жени, Газели Волеј синоќа приреди големо изненадување во последниот натпревар од шестото коло со победата од 3:1 (18:25, 25:23, 25:23, 25:20) над шампионот Јанта Волеј Кисела Вода.

Бранителот на титулата влезе сигурен во натпреварот и поведе со 1:0 во сетови на гостувањето во СЦ „Форца“. Во продолжението одбојкарките на Газели Волеј имаа помирна игра во полето, а особено на мрежата, каде до израз дојде и блокот. Делуваа посигурни во клучните моменти и се изборија за комплетен пресврт и голема победа.

Во редовите на Јанта Волеј се чувствуваше и заморот од напорниот ритам кој екипата го има со паралелниот настап и во европските клупски купови, што резултатски се одразува и дома, со оглед на тоа дека ова е втор пораз во низа откако минатото коло загубија од Наковски Волеј.

Кај Газели Волеј капитенот Теа Терзиевска беше лидер со 15 поени, следена од Даниела Горбок и Мила Дикова со по 14 поени.

Во редовите на Јанта Волеј Ана Ѓоргиевска постигна 15, додека Мери Бошковска имаше 14 поени.

To top