Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски кој минатиот викенд во Севилја постави нов државен рекорд во маратон (2:о8,26 часа), ќе настапи на Европското првенство (ЕП) во атлетика во Рим, Италија (од 7 до 12 јуни), во дисциплината полумаратон.Тоа треба да претставува увертира пред настапот на Ивановски на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз летово, во маратон.
– Целта на Дарио е пласман меѓу првите пет, зошто не и медал на ЕП, напиша на Фејсбук неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски кој има огромни заслуги за одличните резултати на Ивановски.
Јакимовски појаснува некои работи за моќта на резултатот на Ивановски во Севилја и за потребната норма за настап во Париз.
– Нормата за маратонската трка за Игрите во Париз изнесува 2:08,10 часа. Дарио истрча 16 секунди послабо и таа норма му избега „за влакно“.