Австрискиот ски-скокач Даниел Цофениг победи на втората етапа од натпреварот „Четири скокалници“, а триумфот на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен му донесе водство и во генералниот пласман.
22-годишниот Цофениг имаше скокови од 141,5 и 143 метри, со што заслужено победи на германската скокалница, а зад себе го остави Грегор Дешванден.
Швајцарецот не дозволи австриски пиедестал како во Оберздорф, но Михаел Хајбeк со третото место се погрижи да има барем двајца Австријци во Топ 3 во Гармиш.
Токму Хајбeк заработи и дополнителни комплименти, поради скокот од 145 метри, со кој постави нов апсолутен рекорд во Гармиш.
Тие доминираат и во генералниот пласман, каде Цофениг сега води пред Јан Херл и Штефан Крафт, кој е на третото место најмногу поради победата во Оберздорф.
Следниот натпревар од новогодишната турнеја ќе се одржи на 4. јануари во Инсбрук.