Правилното загревање пред вежбање е важно за да спречите повреди за време на тренингот, но дали тука спаѓа и истегнувањето?
Шон Арент, директор на Центарот за здравствени и физички способности при Универзитетот Ратгерс, вели дека општото верување дека ако не се истегнеме пред вежбање ќе се повредиме е само мит.
„Истегнувањето не е лошо. Истегнувањето е сосема во ред, но ако го направите пред вежбање“, вели Арент.
„Пред тренинг треба да се загреете, но тоа не значи дека треба да се истегнете. Мислам на статично затегнување, кога се виткате, се обидувате да ги дофатите прстите на нозете со истегнати квадрицепси… Тоа е како да сте ставиле гума во замрзнувач и пробувате да ја истегнете. Прашање на време е кога ќе пукне“, вели тој.
Загревањето пред тренинг ќе ве направи поеластични. Затоа истегнувањето оставете го за на крајот на тренингот.
„Загревањето пред тренинг треба да биде динамично, како високи удари со нога, трчање во место… Вистинското статично истегнување е најефикасно на крајот на тренингот кога сите мускули ви се активни и флексибилноста на тетивите е поголема.“