-Овој викенд беше исполнет со натпревари во пингпонг со одржувањето на четири Државни првенства во следните категории У11, У13, У15 и У19. Првенствата се одржаа во Берово под организација ППК Зегин Берово, информираа од Пинг-Понг Федерација на Македонија.
Со ова второ одржување на Државното Првенство за најмладите, помлади од 11 години, ППФМ покажува дека продолжува да инвестира во младите таленти.
Резултати од Државно првенство во категорија У11:
Машки поединечно:
1. Дарис Мемиќ – ППК Патриоти
2. Филип Цековски – ППК Зегин Берово
3. Марко Цикарски – ППК Зегин Берово
3. Јаков Смолиќ – ППК Рисови
Женски поединечно:
1. Бојана Јовевска – ППК Зегин Берово
2. Калина Митева – ППК Пелагонија
3. Натали Бејковска – ППК Пелагонија
3. Ана СМолиќ – ППК Рисови
Машки двојки:
1. Дарис Мемиќ – ППК Патриоти и П. Поповски – ППК Зегин Берово
2. Филип Цековски и Марко ЦИкарски – ППК Зегин Берово
3. Борис Младеновски и Максим Кралев – ППК Шампион Фа
3. Стефан Арсов и Јаков Смолиќ – ППК Рисови
Женски двојки:
1. Бојана Јовевска – ППК Зегин Берово и Ана Смолиќ – ППК Рисови
2. Калина Митева и Натали Бејковска – ППК Пелагонија
3. Сарах Николова и Дора Кралева – ППК Шампион Фа
3. Михаела Аврамска – ППК Зегин Берово и Ива Трајковски – ППК Пелагонија
Резултатите од другите Државни првенства можат да се најдат на фејсбук страната и на веб страната на федерацијата, потенцираа од ППФМ.