Хокеарите на Чешка по седми пат во историјата станаа светски шампиони, совладувајќи ја Швајцарија во финалето во Прага со 2:0 (0:0, 0:0, 2:0).
По 14 години, Чешка повторно ја освои светската круна, додека Швајцарија и натаму е без злато. Досега Швајцарите имаат освоено 12 медали, четири сребрени и осум бронзени.
Финалето беше решено во последната четвртина. Давид Пастернак го доведе чешкиот тим во предност на 10 минути пред крајот од мечот, а победата ја потврди Давид Кампф со гол на 19 секунди пред крајот. Одличен настап имаше и чешкиот голман Лукаш Достал кој забележа 31 одбрана.
Во мечот за третото место Шведска ја победи Канада со 4:2 (1:0, 0:1, 3:1). Тоа беше прв златен медал за Швеѓаните, по 2017 и 2018 година. Вкупно тие имаат освоено 48 медали, од кои 11 златни, 19 сребрени и 22 бронзени.
Следната година елитните групи на СП ќе се одржат во Шведска и во Данска. Од СП годинава испаднаа Велика Британија и Полска, а се враќаат Словенија и Унгарија.