Останати спортови

Британскиот атлетски сојуз обвинет за смртта на параолимпиец во 2017 година

Британскиот атлетски сојуз обвинет за смртта на параолимпиец во 2017 година

Британскиот атлетски сојуз и поранешниот министер за спорт Кит Дејвис се обвинети за смрт на параолимписки спортист во 2017 година.

Се работи за смртта на Абдулах Хајајеи, кој пред осум години погина на тренинг во пресрет на Светското параолимписко првенство во Лондон.

Несреќниот атлетичар од Обединетите Арапски Емирати страдаше на тренинг во Њухам Лижур два дена пред стартот на натпреварувањето откако врз него падна метален кафез за фрлање.

Хајајеи требаше да настапи во категоријата Ф34 во фрлање ѓуле, диск и копје. Една година претходно на Параолимписките игри во Рио освои шесто место во фрлање копје.

Осум години подоцна Британскиот атлетски сојуз е обвинет за корпоративно убиство од немарност и прекршување на Законот за здравје и сигурност на работа. Останува да се води постапка и да се види какви ќе бидат казните.

To top