Останати спортови

Браќата Ѓоргиеви ќе играат во ист клуб надвор од Македонија

Браќата Ѓоргиеви ќе играат во ист клуб надвор од Македонија

За прв пат во ист клуб надвор од Македонија играат нашите одбојкарски репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев.

Ѓорѓи Ѓоргиев одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на турскиот одбојкарски клуб Туршад каде што настапува и Никола Ѓоргиев, капитенот на македонската репрезентација.

– После 14 години играње заедно во репрезентацијата на Македонија, за прв пат играме заедно и во ист клуб надвор од Македонија.

Одличен момент и историја за нашата фамилија, се надевам дека ќе останеме здрави и ќе имаме успешен крај на сезоната – стои во објавата на Никола Ѓоргиев на Фејсбук.

To top