Одбојкарите на Штип УГД по третпат во низа ќе играат финале во Купот на Македонија.
Во првото полуфинале од завршниот турнир кој што се игра во „Јане Сандански“ во Скопје, штипјани со убедливи 3-0 (25-17, 25-18, 25-12) славеше над екипата на Струмица.
Штип УГД ја оправда фаворитската улога и Куп пехарот ќе го брани против екипата на Борец, кој во вториот полуфинален дуел беше поуспешен од Работнички Волеј, исто така со максимални 3-0 (25-19, 25-14, 26-24).
Велешкиот состав беше сигурен во првите два сета, додека во третиот имаше негатива од 16-20, која успеа да ја анулира и со пресврт да го освои сетот на разлика и да си го потврди местото во финалето.
Машкото финале од одбојкарскиот Куп се игра в сабота, со почеток од 19:30 часот.