Останати спортови

Боксер почина само шест дена по освојувањето на титулата

Боксер почина само шест дена по освојувањето на титулата

Порториканскиот боксер Пол Бамба почина на 35-годишна возраст само шест дена по освојувањето на светската титула на ВБА во „крузер“ категорија.

Бамба го водеше американскиот пејач Не-Јо, кој преку соопштение ја потврди смртта на боксерот. Причината за смртта не е објавена.

„Со длабока тага го објавуваме смртта на саканиот син, брат, пријател и боксерски шампион, Пол Бамба, чија светлина и љубов допреа безброј животи“, наведе пејачот во изјавата.

„Беше жесток, но самоуверен натпреварувач со нескротлива амбиција да постигне големина. Но, повеќе од сè, тој беше исклучителна личност која инспирираше многумина со својата исклучителна желба и решителност“, додава Не-Јо.

Бамба, кој имаше биланс од 19 победи, од кои 18 со нокаут, и три пораза, ги доби сите 14 борби оваа година со нокаут, победувајќи го Мексиканецот Рохелио Медина минатиот викенд во Њу Џерси и го освои златниот појас на ВБА во „крузер“ категоријата.

To top