Останати спортови

Бобан Илиоски на квалификациски турнир во бокс ќе „брка“ норма за пласман на ОИ во Парис

Бобан Илиоски на квалификациски турнир во бокс ќе „брка“ норма за пласман на ОИ во Парис

Македонскиот светски и европски шампион во кикбокс, Бобан Илиоски ќе биде единствен наш претставник во квалификацискиот турнир за пласман на Летните Олимписки во Париз, но ќе се натпреварува во бокс.

Кикбоксот не е застапен на Олимписките игри, па така Илиоски ќе се обиде преку боксот да се избори за настап во Париз.Илиоски на турнирот кој ќе се одржи од 3-ти до 11-ти март во Бусто Арсизио Италија ќе се натпреварува во категоријата до 92 килограми.

„По освоените европско и светско злато 2023 во кикбокс, се се вклучуваме во боксот да обезбедиме пласман за учество на ЛОИ во Париз. Бобан не е дебитант во боксот, има учествувано на неколку професионални мечеви и во сите од нив победи, повеќето со нокаут. Тој настапи и на “Златниот гонг“ во 2016 година. По подолги размислувања,одлучивме комплетното искуство и подготвеност да го насочиме кон ново спортско натпреварување и да се обидеме да обезбедиме норма на Бобан Илиоски во бокс и можност за учество и освојување на олимписки медал во овој спорт”, изјави Дејан Митровски Урко, кој е тренер на Илиоски.

To top