Останати спортови

Без промени на врвот на АТП листата, мал скок на Ивановски

Без промени на врвот на АТП листата, мал скок на Ивановски

За многумина најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ 2024 година ја завршува на седмата позиција на АТП листата на најдобри играчи во светот, додека на врвот е Италијанецот Јаник Синер.

На АТП листата објавена денеска нема промени во редоследот на првите десет играчи, што значи дека на второто место е Германецот Александар Зверев, на третото е Шпанецот Карлос Алкараз, зад него е Тејлор Фриц од САД, додека Русинот Данил Медведев е на петтата позиција.

Пред Ѓоковиќ е Норвежанецот Каспер Руд, а зад Новак на осмото место се Русинот Андреј Рубљев, Австралиецот Алекс де Минор како деветти играч во светот, додека Бугаринот Григор Димитров е на десеттата позиција.

Што се однесува до македонските тенисери Србјак е на 1154 место, додека младиот Калин Ивановски, кој поради повреда го прескокна поголемиот дел од сезоната, имаше мал скок и сега е на 1314.

To top