Бејзбол играчот Хуан Сото со новиот договор со Њујокр Метс стана играчот со најбогатиот договор во историјата.
Во прашање е договор од 15 години според кој Сото ќе заработува 51 милион долари по сезона или вкупно 765 милиони долари. Покрај основната плата во неговиот договор има и бонуси според кои заработката на Сото може да достигне и до 800 милиони долари.
Претходно сличен договор имаше Шохеи Охтани кој оваа година се обврза на деветгодишна соработка со ЛА Доџерс од 700 милиони долари.
Треба да се каже дека Сото не е спортистот со најголема годишна плата, но е спортистот кој севкупно на еден договор има најголема сума досега.