Останати спортови

Бањаја ја преводеше победата на Дукати во Муџело

Бањаја ја преводеше победата на Дукати во Муџело

Франческо Бањаја ја заокружи доминацијата на МотоГП викендот во Муџело, победувајќи без поголеми проблеми на денешната трка од најелитниот шампионат.

Италијанецот уште на почетокот стигна до првото место и ја предводеше еден-два победата на Дукати на домашен терен. За истата влијаеше и одличното возење на Енеа Бастијанини, кој во последниот круг успеа да го претрка Хорхе Мартин и го освои второто место.

Актуелниот лидер Мартин мораше да се задоволи со третото место, што значеше и намалување на неговата предност во генералниот пласман.

Марк Маркез овојпат остана на четвртото место, а во Топ 10 во Муџело се најдоа Акоста, Морбидели, Ди Џанантонио, Вињалес, Алекс Маркез и Биндер.

Мартин со 171 поен останува прв во генералниот пласман, а Бањаја следува на второто место со 153 поени.

To top