Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи на спринт трката во Мото ГП која се возеше на патеката Муџело во Италија.
Двократниот светски првак во најсилна класа на мотоцикли ја заврши трката за 19:30,251 минути.
Второто место го зазема Марк Маркез од Гресини со минимален заостанок, а трет беше Педро Акоста.
Четвртото место го освои Морбидели, па следеа Вињалез и Биндер. Водечкиот во генералниот пласман Хорхе Мартин не ја заврши трката поради пад, но има предност на челната позиција пред Бањаја и Маркез.
Главната трка за Големата награда на Италија се вози в недела во 14:00 часот.