Човекот кој освои седум титули на „Тур Д’Франс“ и стана еден од најуспешните спортисти, Ленс Армстронг ги шокираше навивачите откако призна дека користел дроги.
Поради допинг на Армстронг му беа одземени сите титули од трките во Франција, а неодамна во една емисија зборуваше за тоа.
„Не се обидувам да го оправдам тоа или да кажам дека би го повторил делото, но факт е дека сум тестиран 500 пати, а никогаш не паднав на допинг контрола. Реалноста е во тоа што некои супстанции траат четирии часа. Со дрогата која ја користев би се променил нашиот спорт. Не сакам да охрабрам било кој да го направи тоа. Вистината е тоа што дрогата не можеше да се открие“, вели Армстронг.