Останати спортови

Арманд Дуплантис по четиринаесетти пат го собори светскиот рекорд

Арманд Дуплантис по четиринаесетти пат го собори светскиот рекорд

Арманд Дуплантис веќе подолго време нема конкуренција во скок со стап, но и покрај тоа наоѓа мотивација за да поместува граници каде и да се појави. Атлетската ѕвезда се „пошегува“ и на Светското првенство во Токио, откако за нов златен медал повторно сруши рекорд, и тоа по четиринаесетти пат. Сега е 6,30 метри.

Гркот Емануел Каралис беше единствениот што успеа да скокне шест метри, па освои сребро, додека Куртис Маршал од Австралија беше бронзен (5,95).

Дуплантис остана сам и ги натера сите гледачи на Олимпискиот стадион во Токио да седнат на своите столчиња. Скокна 6,10, потоа 6,15 и го остави Каралис да се обиде да го надмине на 6,20 метри.

Чудо не се случи, Гркот не успеа и го остави Дуплантис да го нападне новиот светски рекорд.

 

Поврзани теми

To top