Останати спортови Балканијада

Арка-Борец балкански шампион во кајак на диви води

Велешани настапија со тим од 13 натпреварувачи.

Арка-Борец балкански шампион во кајак на диви води

Кајак кану клубот Арка-Борец го освои првото место на Балканското клупско првенство во кајак спуст на диви води одржано од 22 до 24 август на реката Дрина во Бајина Башта, Србија.

Велешани настапија со тим од 13 натпреварувачи.

На Балканијадата, покрај македонскиот тим учествуваа и дваесетина други од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

– Со овој успех велешкиот клуб уште еднаш потврди дека е лидер во регионот, а младите таленти од ККК Арка-Борец се иднината на македонскиот кајак, изјави Љубомир Спасиќ тренер на клубот и натпреварувач.

Воедно, кајакарите од Арка-Борец беа втори во категорија Пионери и трети во категорија Јуниори.

🎯Свечено е отворено Балканското клупско првенство во кајак спуст!

🚣‍♂️Утре започнуваат натпреварите во спринт…

Posted by Ljubomir Spasik on Friday, August 22, 2025

To top