Белоруската тенисерка Арина Сабаленка по голема борба се пласираше во осминафиналето на Ју-Ес опен, откако со пресврт ја совлада Русинката Екатерина Александрова со 2-1 по сетови 2-6, 6-1, 6-2.
Сабаленка за пласман меѓу осумте најдобри на гренслем-турнирот во Њујрок ќе игра против Белгијката Елис Мертенс, која, пак, беше подобра од Американката Медисон Кис (6-7, 7-5, 6-4).