Останати спортови

Арина Сабаленка преку Ема Наваро за пласман во финалето на УС Опен

Арина Сабаленка преку Ема Наваро за пласман во финалето на УС Опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласира во финале на УС-опен, откако славеше против Ема Наваро со 2-0 по сетови 6-3 и 7-6.

Сабаленка беше незапирлива за наследничката на милијардерот Наваро, па ја елиминира по само еден час и 33 минути игра на теренот.

Белорусинката во финалето на УС-опен ќе се бори против Џесика Пегула и ќе се обиде да го крене пехарот за првпат во својата кариера.

To top