Белоруската тенисерка Арина Сабаленка убедливо ја совлада Чинвен Женг во четвртфиналето на УС Опен со 2-0 по сетови 6-1, 6-2.
Со тоа втората светска тенисерка продолжува со добрите игри, а за неа ова и е осмо Грен слем полуфинале во последните девет настапи.
Сабаленка ќе се обиде да го повтори резултатот од минатата сезона кога играше во финалето, а ривалка во таа борба ќе и биде Ема Наваро.