Останати спортови

Арина Сабаленка ја одбрани титулата на УС Опен

Арина Сабаленка ја одбрани титулата на УС Опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е повторно шампионка во Њујорк, откако успеа да ја одбрани минатогодишната титула со победата над Американката Аманда Анисимова.

Во првиот сет Сабаленка сервираше одлично и успеваше да остане смирена, а Анисимова имаше премногу исфорсирани грешки под притисокот кој го чувствуваше за сензација на домашен терен.

Крајниот резултат беше победа на Белорусинката со 2:0, односно 6-3, 7-6 во сетови.

Со оваа победа, Сабаленка стана првата жена која успеала да ја одбрани титулата, уште од 2014 година, кога тоа го направи Серена Вилијамс.

За Сабаленка оваа е прва Гренд Слем титула годинава (четврта во нејзината кариера), со што ја зацврсти својата позиција на врвот на ВТА листата, откако претходно изгуби на другите Гренд Слем турнири, и тоа во финалето на Отвореното првенство во Австралија од Кис, на Роланд Гарос во финалето од Коко Гауф и во полуфиналето на Вимблдон токму од Анисимова.

 

 

 

 

To top