Можеше мечот да биде нешто поинаков, особено во вториот сет кога Гоф имаше и сет-топка на свој сервис, но Сабаленка покажа зошто е убедлив лидер на ВТА листата.
Првиот сет помина во нејзина доминација и без проблеми поведе со 1-0, во вториот Гоф водеше со 5-4, имаше сервис и имаше предност, но Сабаленка не дозволи израмнување, се избори за тај брејк и потоа со 7-3 стигна до конечна победа.
Инаку, ова беше четврти трофеј за Сабаленка на Мастерсот во Мадрид со што се израмни со досегашната рекордерка Петра Квитова.