Останати спортови

Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Синсинати

Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Синсинати

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Синсинати, откако во финалето за 76 минути ја совлада Американката Џесика Пегула со 2-0 по сетови 6-3, 7-5.

Еден брејк беше доволен за Сабаленка да го освои првиот сет. Вториот сет започна со брејк на Белорусинката, кој сервираше за победа при водство од 5-4, но Пегула направи брејк и израмни на 5-5.

Сепак, Сабаленка повторно го одзеде сервисот на противничката, па ја искористи првата меч-топка и стигна до победата. За Сабаленка оваа бепе петнаесетта титула во кариерата и освои 523.485 долари.

To top