По 23 години за првпат во Формула 1 ќе вози Аргентинец и тоа младиот Франко Колапинто кој ќе вози за Вилијамс на местото на Американецот Логан Сарџент.
Вилијмас потврди дека ќе се раздели со Сарџент кој на тренинзите за трката на Холандија уништи уште еден болид.
Колапинто е возач кој се натпреваруваше во Формула 2, но имаше прилика во Формула 1 да вози еден тренинг на „Силверстоун“.