Американската тенисерка со руско потекло, Аманда Анисимова, се пласираше во финалето на Вимблдон откако ја победи најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка.
Во натпревар што траеше 2 часа и 38 минути, Анисимова славеше со резултат од 2-1 (6:2, 4:6, 6:4).Во вториот полуфинален натпревар на Централниот терен Белинда Бенчиќ од Швајцарија загуби од Ига Швјонтек од Полска со 2-0 (6:2, 6:0).
Така, во финалето в сабота од 17:00 часот на женскиот турнир ќе се сретнат изненадувањето Аманда Анисимова (12-то место) и четвртата носителка Ига Швјонтек.
За 23-годишната Русинка родена во Њу Џерси ова ќе биде прво финале во кариерата, додека 24-годишната Полјакинка има 4 триумфи на Ролан Гарос и 1 на УС опен, а прв пат ќе игра финале на Вимблдон.