Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен откако во мечот кој траеше четири часа и 15 минути славеше против Алекс де Минор со 3-2.
Русинот го доби првиот сет со 6-4, но тај-брејковите во вториот и третиот сет му припаднаа на Австралијецот кој поведе со 2-1 и беше на чекор до место во следната фаза.
Сепак Рубљов ја потврди фаворитската улога, изедначи во четвртиот сет добивајќи го со 6-3, а потоа беше и убедлив во одлучувачкиот петти сет за 6-0.
Во четвртфиналето Рубљов силите ќе си ги одмери со Јаник Синер кој претходно го елиминираше неговиот сонардоник, Карен Хачанов со 3-0 (6-4, 7-5, 6-3).