Останати спортови

Американските штафети со златни медали и олимписки рекорди го завршија атлетскиот турнир

Американските штафети со златни медали и олимписки рекорди го завршија атлетскиот турнир

Штафетите 4×400 метри во женска и машка конкуренција на САД ги освоија олимписки титули, завршувајќи ги атлетските натпревари на „Стад де Франс“ во Париз.

Штафетниот тим на Боцвана ги натера Кристофер Бејли Вернон Норвуд, Брајс Дидмон и Раи Бенџамин да се надминат себеси и да попстават нов олимписки рекорд од 2:54.43 минути, што е речиси за секунда подобро од претходниот рекорд на американската штафета од Пекинг во 2008 година.

Четворката од Боцвана имаше само неколку десетинки полошо време (2:54.53) од победникот додека  бронзата ја освоија Британците со нов европски рекорд (2:55.83 минути)..

На Американките им недостасуваше една десетина да го урнат олимпискиот и светскиот рекорд (3:15.17 минути), поставен во минатиот век, во Сеул во 1988 година.

Шамиер Литл, Сиднеј Меклафлин-Леврон, Габриел Томас и Алексис Холмс беа убедливи победници со нов американски рекорд (3:15.27).

Фемке Бол донесе холандско олимписко сребро и нов национален рекорд (3:19.50), со што повторно ги престигна штафетите на Велика Британија (3:19.72) и Ирска (3:19.90) во брилијантна завршница.

 

To top