Американскиот хокеар и играч на Колумбус Џони Гудро (31) и неговиот помлад брат загинаа во сообраќајна несреќа во Њу Џерси.
Според извештаите во нив удрил автомобил додека се возеле со велосипеди. Гудро, попознат како „Џони Хокеј“, одигра 11 професионални сезони во Американската хокеарска лига (НХЛ).
Полицијата соопшти дека уапсениот возач на автомобилот кој ги усмртил е осомничен дека бил пијан.