Финалето на 1.500 метри во машка конкуренција беше исклучително возбудливо, каде победи Кол Хокер кој постави и нов олимписки рекорд.
Џош Кер од Велика Британија и Јакоб Ингебритсен од Норвешка беа главни фаворити за златото, тие требаше да ја водат битката за првото место и така изгледаше. Но, во последните метри од позадина се појави Американецот Кол Хокер кој ги престигна двајцата и прв ја мина целта.
Тој за дури три секунди го подобри своето најдобро време и постави нов олимписки рекорд, 3:27.65.
Сребрениот медал го доби Кер, а бронзата заврши на градите на Американецот Нугез, Ингебритсен остана со празни раце.