Боксерскиот турнир е еден од најпопуларните на Летните Олимписки Игри, но сега го привлече вниманието на јавноста со битката од осминафиналето во која Италијанката Ангела Карини реши да се откаже по 40 секунди во рингот со Алжирката Иман Хелиф.
Причината за тоа што се смета дека Хелиф е маж, затоа што падна на медицинските тестови пред големите натпреварувања во минатото – ова се случи пред Светското првенство во 2023 година во Њу Делхи, кога Хелиф беше суспендирана.
Тогаш беше откриено дека боксерката има превисоко ниво на тестостерон, но резултатите од тестот никогаш не беа објавени. За целата ситуација се огласи и Олимпискиот комитет на Алжир.
„Најостро го осудуваме неетичкото таргетирање и валкање на угледот на нашата истакната спортистка. Некои странски медиуми шират неоснована пропаганда. Ваквите напади врз нејзината личност и нејзиното достоинство се навистина неправедни, особено на Игрите, врвот на нејзината кариера. Ги презедовме неопходните мерки за да го заштитиме нашиот шампион“, се вели во соопштението на Олимпискиот комитет на оваа земја.
По суспензијата во 2023 година, Хелиф првично се жалеше до Судот за спортска арбитража во Лозана, но тужбата подоцна беше повлечена.