Останати спортови

Алкараз загуби само шест гема и се пласира во осминафиналето во Њујорк

Алкараз загуби само шест гема и се пласира во осминафиналето во Њујорк

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во осминафиналето на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави, откако во третото коло славеше убедливо над Италијанецот Лучијано Дардери со 3-0 во сетови (6-2, 6-4, 6-0). Мечот траеше 104 минути.

Вториот рекет на АТП листата за следен противник во Њујорк го доби Артур Риндеркнех кој со 3-1 во сетови го надигра сонародникот од Франција, Бенџамин Бонци.

Следната фаза на УС Опен обезбеди и чешкиот тенисер Јиржи Лехечка, кој извојува победа над  Рафаел Колињон со идентични 6-4.

Лехечка ќе игра во осминафиналето против победникот од натпреварот помеѓу Бен Шелтон и Адриан Манарино.

To top