Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го коментираше зголемениот број на натпревари во тенисот.
Карлос Алкараз го победи Бен Шелтон со 2-0 во директни сетови во саботата и изедначи дуелот на европскиот и светскиот тим на Лејвер купот во Берлин.
Алкараз по натпреварот изјави дека е среќен што можел да му помогне на својот тим да донесе победа.
Сепак, најголемо внимание привлече неговата изјава за зголемениот број на натпревари во тенисот.
“Во следните неколку години ќе имаме уште повеќе задолжителни турнири. Тоа ќе не убие на некој начин. Посакувам да имам повеќе слободно време”, рече Карлос Алкараз.