Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас без многу мака се пласираше во полуфиналето на УСА Опен.
Вториот рекет на светот и шампион од 2022 година го совлада Чехот Јиржи Лехечка со максимални 3-0 во сетови (6-4, 6-2, 6-4).
Алкарас по третпат го победи Лехечка во четвртиот меѓусебен дуел и продолжи со походот кон својата шеста гренд слем титула во кариерата.
Шпанецот не му дозволи ниту една брејк-шанса на противникот, играше стабилно, а во одредени моменти и спектакуларно, доволно за сигурен триумф и чекор поблиску до финалето.