Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас чиј најголем ривал веројатно уште долго ќе биде токму Синер не сака да го нападне својот колега, но истакна дека постојат нејаснотии околу целиот овој случај и скандал.
Италијанецот два пати имаше позитивен допинг тест за минимална количина на забранета супстанца, но не доби забрана за настап, ниту пак суспензија, туку само симболична казна.
– Ова е сигурно тежок момент за него, нема да лажам, се работи за навистина комплицирана ситуација.Тешко ми е да објаснам на англиски јазик, но ќе кажам дека сигурно постојат работи за кои не знаеме, за тоа што се случува во тимовите, со соработниците.Но, ако му дозволиле да настапува и покрај тестовите, мора да постои нешто кое ние не го знаеме, а поради кое утврдиле дека е невин и поради што продолжил да игра – изјави Алкарас.