Австралискиот тенисер Алексеј Попирин ја освои титулата на Мастерсот во Монтреал откако во с финалето го победи Андреј Рубљев со 2-0 по сетови 6-2, 6-4.
Тоа е само трета титула во кариерата на Австралиецот и прва на Мастерс турнирите. Периодов тој игра најдобар тенис во животот и го има највисокиот пласман – 23. место на АТП листата.
Против Рубљев беше фантастичен, реализира пет од шесте брејк топки и буквално го растури својот ривал за нешто повеќе од 90 минути игра.
Интересно е тоа што Попирин веднаш по настапот во Монтреал патува за Синсинати каде ќе учествува на Мастерсот во овој град, а во второто коло може да се сретне со Карлос Алкараз.