Најдобриот германски тенисер, Александер Зверев ќе биде противникот на Карлос Алкарас во големото финале на Ролан Гарос закажано за в недела во Париз.
Зверев подобро се снајде во вечерашното соочување со Каспер Руд иако мечот не тргна најдобро за него и првиот сет го загуби убедливо со 6-2.
Меѓутоа Саша веќе во втората рунда одговори со ист стил со 6-2, па воден од таа енерги и во продолжението го надигра Норвежанецот со 6-4 и 6-2 за прво грен слем финале на Френ Опен, второ во кариерата по она во 2020 на Ју-Ес Опен кое го загуби од Доминик Тим.
Зверев води со 5-4 во меѓусебните дуели со Алкарас.