Останати спортови

Александер Усик се откажа од еден од шампионските појаси

Александер Усик се откажа од еден од шампионските појаси

Само пет недели откако стана првиот неприкосновен боксерски шампион во тешка категорија по речиси 25 години, Украинецот Aлександeр Усик се откажа од еден од појасите.

На 18 мај во Ријад, по 12 рунди, со одлука на судиите, Усик го победи Британецот Тајсон Фјури и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија. Тој го додаде ВБЦ појасот на Фјури на неговите шампионски појаси на ВБА, ВБО и ИБФ.

Сепак, Украинецот изјави дека се ослободил од ИБФ појасот, за кој сега можат да се борат британските боксери Ентони Џошуа и Даниел Дубоа. Се очекува Дубоа кој е предизвикувач на ИБФ, да боксува со Џошуа на Вембли, на 21 септември.

Ентони и Даниел, знам дека титулата во ИБФ е важна за вас. Ова е мојот подарок за вас, напиша Усик на социјалните мрежи.

Но Усик побара појасот да не му биде одземен, односно да му остане титулата неприкосновен светски шампион до реваншот против Фјури закажан за 21 декември.

 

To top