Германскиот тенисер Александар Зверев поради повреда на левото колено би можел да ги пропушти претстојните Олимписки игри во Париз, каде треба да ја брани титулата освоена пред три години во Токио.
Зверев се лизна на тревата за време на дуелот од 3. коло против Британецот Камерон Нори во Вимблдон, но успеа да го добие тој меч за да се појави на теренот во мечот од 4. коло против Американецот Тејлор Фриц со завој околу левото колено.