Останати спортови

Алекс Овечкин на праг да се надмине легендарниот Вејн Грецки

Алекс Овечкин на праг да се надмине легендарниот Вејн Грецки

Алекс Овечкин продолжува да пишува историја во НХЛ лигата. Најдобар стрелец во историјата на хокејот е легендарниот Вејн Грецки со 894 гола и 1.963 асистенции, што го издвојува како јасен лидер на таа позиција.

Втор на листата е Јаромир Јагр, а интересно е што Алекс Овечкин е 12-ти на табелата со 877 голови, 711 асистенции и 1.588 бодови.

На Овечкин му недостасуваат 18 гола да го надмине Грецки и да стане водечки голгетер во историјата на НХЛ, рекорд за кој се сметаше дека е недопирлив.

„Играа двете најдобри екипи во лигата и тоа беше навистина квалитетна и тешка битка. Мислам дека имавме многу шанси во третиот период и отидовме на продолженија и загубивме. Играа две од најдобрите тимови. Беше навистина забавно, а не се оптоварувам со индивидуалните постигнувања“  истакна по мечот Овечкин.

To top