Останати спортови

Алекс Маркез победи во Каталонија

Алекс Маркез победи во Каталонија

Алекс Маркез стигна до својата втора победа во кралската класа на мотоциклизмот, триумфирајќи на возбудливото Гран при на Каталонија.

Со овој успех, помладиот од браќата Маркез ја одложи потенцијалната титула на својот брат Марк барем до трката во Јапонија кон крајот на месецот.

На подиумот се искачи и возачот на KTM, Енеа Бастианини, кој ја освои третата позиција, пред Педро Акоста кој на крајот заврши четврти, пред Фабио Куартараро, Аи Огура, Франческо Бањаја, Лука Марини, Мигел Оливеира и актуелниот светски првак Хорхе Мартин. Поени во Барселона освоија и Раул Фернандез, Жоан Мир, Маверик Вињалес, Џек Милер и Фермин Алдегер.

И покрај тоа што претрпе прв пораз по речиси четири месеци, Марк Маркез и понатаму е лидер во генералниот пласман со 487 поени, дури 182 повеќе од братот Алекс. На третото место е неговиот тимски колега во Дукати, Франческо Банјаја, со заостаток од 250 поени.

Сезоната во МотоГП продолжува веќе следната недела во Сан Марино на патеката „Мизано“ крај Римини. Оваа трка ќе биде последна европска станица пред почетокот на есенската азиска турнеја во шампионатот.

To top