Канадскиот Дејвис куп тим пристигна во Малага со намера да ја одбрани титулата од Мадрид 2022 година, но први се спакуваа и веќе ја напуштија Шпанија.
Финска приреди уште едно изненадување, го искористи отсуството на двајцата најдобри Канаѓани Феликс Оже Алијасим и Дени Шаповалов и се пласираше во полуфиналето.
Финците на патот до полуфиналето покрај Канада ги елиминираа и Аргентина, Хрватска и САД.
Решавачкиот поен на Финците им го донесе двојката Хари Хелиовара/Ото Виртанен со победата 7:5, 6:3 над Алексис Галарно и Васек Поспишил.
Виртанен е херојот на Финска бидејќи во вториот меч и го донесе првиот поен на Финска со победата над Габриел Дијало. Бодот за Канада го освои Милош Раониќ, кој по пет години пауза повтороно настапи за националниот тим.