Кошарка Спорт Ергин Атаман и натаму купува

Ново засилување во Панатинаикос

Ново засилување во Панатинаикос

Грчкиот гигант и шесткратен освојувач на Евролигата , Панатинаикос најверојатно ќе му обезбеди уште едно засилување на тренерот Ергин Атаман.

„Детелинките“ од Атина не ја започнаа сезоната како што очекуваа, а предводникот на тимот неколку пати изјавуваше дека му се потребни нови засилувања, иако летово беа доведени дури дванаесетмина кошаркари.

Ново име во грчкиот состав ќе биде Американецот Џордан Ашер, кој во моментов настапува во Австралија за тимот на Перт, а игра на позицијата крило.

To top