Кошарка Спорт Српскиот кошаркар со нова одлична партија

НБА: Јокиќ со „дабл-дабл“ сам го растури Чикаго

НБА: Јокиќ со „дабл-дабл“ сам го растури Чикаго

Никола Јокиќ и Денвер ја запишаа и својата шеста победа во седмиот натпревар во НБА лигата, и тоа на домашен терен против Чикаго со 123-101.

Никола Јокиќ беше носителот на победата за Денвер со 28 поени, 16 скока и девет асистенции, за само едно успешно додавање останувајќи пократок од својот 124-ти „трипл-дабл“ во кариерата. Мајкл Портер Џуниор дополни со 27 поени, погодувајќи пет од десет тројки. Кај Чикаго најефикасен беше Никола Вучевиќ со 19 поени и седум скока.

Но, победата на Денвер некако остана во втор план поради повредата во втората четвртина на нивната ѕвезда Џамал Мареј за кого не се знае колку ќе отсуствува од терените.

Бостон селтикс, пак, останува единствената непоразена екипа сезонава. Во петиот меч дојдоа и до петтата победа сега против Бруклин на гости, со 114-124, во меч во кој најдобар беше Џејсон Татум со 32 поени и 11 скока.

Индијана загуби од Шарлот хорнетс со 124-125, во меч во кој домашните на 30 секунди до крајот имаа слободно фрлање кое не го погодија за израмнување, а потоа имаа уште еден напад за победа, но не успеаја ниту да шутнат.

Минесота на домашен терен ја совлада Јута убедливо со 123-95, а Атланта на гости славеше против Њу Орлеанс со 105-123. Орландо беше подобар од ЛА Лејкерс со 120-101.

 

To top