Кошаркарите на Партизан загубија со 84:83 во Виторија од Басконија во шестото коло од Евролигата, а црно-белите навивачи направија хаос на трибините. Баскискиот клуб го осуди потегот на гостите.
Се играше последниот дел кога двајца навивачи на гостинскиот тим направија хаос во арената Фернандо Буеса.
Весникот „БасеткЊуз“ пишува дека навивачите на Партизан ја шутнале оградата и седиштата кои во таа прилика биле оштетени.
Обезбедувањето било принудено веднаш да реагира, а при тој конфликт еден од навивачите се доближил до една од вработените од обезбедувањето и двапати ја бакнал. Поради ова му ставиле лисици на рацете, а денеска ќе се појави на суд.
По се што се случи, Басконија објави официјално соопштение во кое го осудува недоличното однесување на навивачите на Партизан.