Кошаркарките на Баскет Кам по четврти во својата клупска историја го освоија трофејот во Купот на Македонија.
Во финалето на завршниот турнир што се одигра во нивниот град Македонска Каменица, Баскет кам ја совладаа екипата на Крива Паланка со 74-68.
Победата домаќинките ја најавија во првото полувреме, во кое направија предност од 42-27.
Сепак гостинките од Крива Паланка не се предадоа. Второто полувреме го направија интересно во самата завршница, но нема сили за комплетен пресврт, па домашната екипа на и нивните навивачи можеа да се радуваат.
Четири кошаркарки во победничката екипа дуелот го завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу 24 постигна Ивана Кметовска која додаде и 9 скокови.
За тимот од Македонска Каменица, четврти трофеј во Купот на Македонија во нивното шесто финале во низа.