Кошарка

Жељко Обрадовиќ пред отказ во Партизан?

Жељко Обрадовиќ пред отказ во Партизан?

Партизан веќе е во преговори со нов тренер. Оваа вест ја пласираше „Макс спорт“ и според неговите сознанија, тимот од Белград веќе започнал преговори со Андреа Тринкиери, тренерот на Жалгирис, кој го совлада Партизан со 70:66, во четвртокот.

Во преговорите, сосема сигурно, бил вклучен и Жељко Обрадовиќ, кој би можел да се пензионира како тренер и да се пресели на друга позиција во клубот.

Во претходното коло, кога ја совлада Жалгирис Црвена звезда, Тринкиери даде многу интересна изјава.

– Завршив работа за Партизан – изјави италијанскиот тренер со насмевка.

To top