Кошарка

Жарко Паспаљ пуштен на домашно лекување

Жарко Паспаљ пуштен на домашно лекување

Жарко Паспаљ беше примен во болница поради интервенција на срцето, а сега за среќа се наоѓа во стабилна состојба.

Поради слични причини Паспаљ заврши во болница во 2022 година, додека во 2001 година доживеа инфаркт микард додека со пријателите играл мал фудбал.

Поради таквите проблеми на Паспаљ од претходно му беше вграден песмејкер (стиумулатор за правилна работа на срцето), а пред една недела му беше извршена албација (начин за лекување на тешки аритмии).

Сега неговата состојба е стабилна и тој е пуштен а домашно лекување. Во текот на богатата кариера легендата на Партизан настапуваше и за Сан Антонио Спарс, додека во Европа играше уште за Олимпијакос, Панатинаикос, Паниониос, Арис од Солун, француски Париз и Виртус Болоња.

To top