Белградски Партизан доживеа пораз од Жалгирис во Каунас и со тоа официјално ги загуби сите шанси за место во плејофот во Евролигата.
Литванскиот претстваник го одбрани домашниот терен и во последен меч пред својата публика за оваа европска сезона триумфираше со 70:66. Кај домашните најдобар беше Франсиско со 15 и Смаилагиќ со 14 кошеви. Кај „црно-белите“ се издвои Џонс со 23 кошеви и 4 асистенции.
Панатинаикос пак на крилјата на неверојатнот Нан го доби Монако на негов терен со 88:76. Нан беше нерешлива енегма за четата на Спанулис, уфрли 37 поени, собра 3 скока и запиша 5 асистенции. Со овој триумф бранителот на трофејот дојде до учинок 21-12
Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс забележа дабл-дабл учинок во пресметката со Реал Мадрид, но и таа негова партија не беше доволна за Париз да оствари позитивен резулат на вечерашното гостување во шпанската престолнина во рамките на 33. коло во Евролигата.
Во ефикасен меч кој донесе 209 поени по 40 минути игра, „кралевите“ дојдоа до супер значајна победа од 105:104.
Пресудна за триумфот на Реал беше последната четвртина која ја доби со 31:24. Најзабележителни кај домаќините беа балканските ѕвезди Хезоња и Муса кои заедно искомбинираа 46 поени, додека Шорт на спротивната страна уфрли 24 поени со 10 асистенции, 1 скок, 2 украдени топки и 4 изнудени фаули.
Човек на вечерва во Евролигата беше членот на Баерн Минхен, Карсел Едвардс кој со своето издание испиша нова страница/страници од историјата на ова натпреварување. Тој имаше лудо издание во третиот период против Макаби Тел Авив, па собори два рекорди, стана играчот со најмногу постигнати тројки во една четвртина (8) и играч со најмногу дадени поени (26).
Тој на крајот заврши со 33 кошеви, меѓутоа неговиот Баерн беше непријатно изненаден и загуби во Белград со 93:90.